Руското издание на списанието Интервју носи 7 насловни страници на кои се појавуваат 7-те најпознати супермодели од 90-те години.
Уредниците на руското издание на Интервју ги собраа на едно место 7-те супермодели од 90-те години.
Така од насловните страници блескаат Наоми, Амбер Валета, Кристи Тарлинготн, Линда Евангелиста, Стефани Сејмур, Кејт Мос и една манекенка од поновата генерација – Дарија Вербови.
Фотографиите се направени во црна бела техника, стилизирани во парчиња од црна кожа, а проследени се со интервју и анегдоти од супермоделите.