Ако го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм, многу добро можете да видите: Сара Сампајо е во топ форма. Заслуга? Таа доаѓа од генетско наследство и вежбање, но исто така и од мали, но клучни трикови.
Португалскиот супермодел и ангел на Викторија сикрет, открива во една од своите најнови објави дека нејзиното телот не е совршено, со цел да го поттикне “боди позитив“ движењето и размислувањето кај девојките.
„Бидете љубезни и толерантни кон телото што се менува“, забележа супермоделката.
29-годишната Сара Сампајо веќе долго време објаснува дека убавината е пропорционална на односот што некој го има со самиот себе. Правило број еден за шарм е да не се обидувате по секоја цена да бидете како другите, број два е да се извежбате да ги прифатите несовршеностите и промените на телото што ги носи времето.
За да пристапи со исклучителна јасност кон своите следбенички на Инстаграм, и без премногу зборови, португалскиот супермодел и актерка ги покажува малите, но многу важни трикчиња кои ја менуваат перцепцијата на обликот на телото во еден момент, дури и на тело – на прв поглед – совршено како нејзиното.
Видеото погледнете го – ТУКА.