Супермоделот Бела Хадид ја предводи пролетната кампања на Michael Kors

MICHAEL Michael Kors кампањата за пролет 2019 е снимена во њујоршко студио, а меѓу убавиците главно лице е Бела Хадид.

Фотограф на кампањата е Дејвид Симс. Пред неговиот објектив, освен Хадид, позираат Алиша Буркс, Сојин Јанг и Луна Бил.Новата сезона се фокусира на лого принтовите, синиот џинс и војничкиот принт. Од палетата на бои доминира темно-зелената и сивата.„Бела Хадид е модерен џет-сетер. Таа ја сака авантурата, полна со енергија е, и акотивна е 24/7“Во продолжение погледнете дел од фотосесијата.За кампањата е снимено и ведео.

 

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...