Супермоделот Елса Хоск стана мајка, прва фотографија со бебенцето

32-годишниот шведски супермодел стана мајка: на 11 февруари се роди нејзиното девојче, плод на љубовта со Том Дејли. Соопштението беше објавено на социјалните мрежи, медиум кој сега го претпочитаат sвездите ширум светот да споделуваат радости и таги со обожавателите.

„Најсреќниот ден во мојот живот беше оној во кој те запознав. Најгорд момент во мојот живот беше да те родам“- напиша ѕвездата на модните писти, споделувајќи ја првата фотографија со бебенцето на Инстаграм, додека малото новороденче спие нежно на градите на нејзиниот татко.

„Дојде на овој свет како хероина, со тупаница близу лицето“, допиша Елса, завршувајќи со изјава на љубов кон нејзиното мало девојче: „ќе те сакаме засекогаш“.

x

Check Also

Што мислите за новиот имиџ на Џенифер Лопез, со суперкратка коса?

На насловната страница на мартовското издание на модното списание „Алур“, Џенифер Лопез ...