Супермоделот Џорџина Вилкин се откажа од кариерата поради анорексија

Поранешната манекенката од А-листата Џорџина Вилкин се откажа од модната кариера кога заврши во болница поради анорексија. До состојба на анорексија Вилкин дошла откако модниот агент и кажал да „симне“ неколку грама од колковите.

gorgina 33

На впечатливата тинејџерка Џорџина Вилкин која ги освои модните агенти сите и предвидуваа блескава светска кариера. Но наместо да ја предупредат за здравствената состојба, модните агенти често и делеа комплименти кога тинејџерката не јадеше ни по 48 часа. И велеа само така да продолжи. Но Џорџина го заврте грбот на модниот свет, пред пет години, кога поради анорексија заврши во болница.

„Агентот ми кажа – Џорџина имаш огромен потенцијал да бидеш топ модел. Само на неколку работи треба да внимаваш ако сакаш да бидеш успешна. Мораш да се ослободиш од неколку грама на колковите и половината, мораш затоа да вежбаш секојдневно во теретана. Тоа ми изгледаше разумно, кога имате 15 години и големи соништа лесно ги слушате претпоставените“, раскажува Џорџина.

gorgina Шест месеци подоцна Џорџина веќе се бореше со анорексијата уште додека работеше како одлично платен модел во Јапонија. Работеше за Прада и другите големи модни куќи, а на крајот никој не сакаше да и даде ангажман бидејќи одеднаш стана „оштетен производ“.

Модниот агент на Џорџина увидел дека нешто не е во ред со неа дури откако здравствената состојба и била критична.

Џорџина Вилкин успеа да ја победи анорексијата и повеќе нема да се врати во модниот свет.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...