Козметичката компанија Estee Lauder за заштитно лице во новата кампања ја одбра Карли Клос.
Супермоделот Карли Клос е пред голем предизвик со лансирањето на големата кампања која вклучува и видео спотови. Американската убавица за потребите на кампањата позира пред објективот на Џош Олинс, облечена во плишан костум во боја на вишна, и со иста нијанса на кармин.
„Сонот ми стана реалност. Навистина е така. Во мојата кариера на модел, да направам договор со врвна козметичка куќа ми беше на врвот на мојата листа на желби. Од самиот почеток на кариерата, моите соништа беа – насловна страница на американскиот „Вог“ и договор со компанијата Estée Lauder“, објаснува Клос.
Во видеото, Карли ни го претставува нејзиниот прв работен ден во козметичката компанија.