Супермоделот Миранда Кер дизајнира луксузен порцелан

Поранешниот ангел на Викторија сикрет влезе во возбудлива дизајнерка авантура.

miranda 456

Имено, Кер дизајнираше порцелански сервис за чај, кафе, колачиња, како и чинии  благодарение на соработката со Ројал Алберт.

Сопругата на Орландо Блум потпиша договор за дизајнирање на порцелански сервис со историската британска марка Ројал Алберт. На луксузниот сервис доминираат цветните мотиви.

miranda 567

„Соработката со Ројал Алберт за мене е вонсериско искуство и привилегија. Ја сакав секоја фаза од овој проект, особено уживав во дизајнирањето на деталите. Направивме колекција која би сакала и јас да ја имам дома“, објаснува Кер.

Колекцијата ќе биде промовирана во Сиднеј на 16 мај и веднаш ќе биде пуштена во продажба.

 

x

Check Also

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит – 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на ...