Супермоделот Миранда Кер и сопругот позираат за списанието WSJ

Супермоделката и поранешен ангел на Викторија сикрет, Миранда Кер и нејзиниот сопруг, бизнисмен, основач на Снепчет, Еван Шпигел, ја красат насловната страница и едиторијалот на списанието WSJ.

Парот позира во домашна атмосфера за фотосесијата реализирана од Дениел Џек Лионс.

 

Инаку, Шпигел е најмладиот милијардер во светот, проценката на неговото приватно богатство изнесува околу 2,1 милијарди долари.

Миранда е во брак со Еван од 2017 година со кого била во врска две години пред свадбата. Во 2018, парот доби син, а во 2019 семејството се збогати со уште едно детенце, трето дете на Миранда која од краткиот брак со актерот Орландо Блум во 2011 година го роди синот Флин.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...