Супермоделот Стела Максвел ја претставува пролетната колекција на MARELLA

Што ни носи популарната модна марка MARELLA (достапна и кај нас) за сезоната на потопли денови? Шик модни парчиња на кои нема да им одолее ниедна модерна жена.

За дизајнерите на MARELLA пролетта треба да биде во знакот на пастелните нежни нијанси. Па така, костумите се женствени, со нагласен струк (со ремен) во розова нијанса, фустаните се со раскошен принт во боите на виножитото, мантилите се во нежни неутрални тонови, а тексасот – кој се најавува за задолжително парче во пролетниот гардеробер – никогаш не бил толку убав!

За новата кампања на MARELLA позира ангелот на Викторија сикрет, супермоделката Стела Максвел.

Во продолжение, погледнете дел од колекцијата поради која едвај ја чекаме пролетта!

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...