Свадбени торти со стил

Ако сте од оние кои сакаат уникатен и забавен печат на вашата свадба, тортата е еден од многуте вистински начини како да оставите личен печат и да ги натерате гостите вистински да се изненадат кога свадбената торта ќе се појави на тој посебен ден за вас и вашиот избраник. Овие торти се забавни, интересни и уникатни на свој посебен начин. Инспирирајте се и порачајте навреме само во Magic Cake.

2

Снежна идила

Ако сте љубител на зимските венчавки и ги обожувате снежните мотиви: елки, снегулки, топки снег, шеќерни бастунчиња, мразулци. Само изберете!

3

Ме „голицка“ љубовта

За една романтична приказна, платонска љубов и долго чекање до вистинскиот момент. Но, љубовта знае да не „голицка“ и да изнуди широка насмевка на вашите лица која доколку е вистинска може да трае вечно.

4

Уникатна чизма

На црната позадина, белите, крем и нежни кафени нијанси изгледаат фантастично. Чизмичките зрачат со топлина, а жарот кој го даваат црвените елементи, ја подгреваат крвта.
За вистинска каубојска љубовна приказна.

5

Кој е за кафе?

Најверојатно младиот пар, чија свадба ја краси оваа торта,се огромни љубители на кафе (или еден од нив двајца е од Бразил). Срцето на врвот ја опишува вечната љубов меѓу младите чија љубов започна со една шоља црно кафе.

6

Ноќ над Менхетен

Ве потсетува ли на најавниот постер на филмот на Woody Allen „You Will Meet A Tall Dark Stranger“? Или во глава почнува да ви се врти Strangers in the Night од Frank Sinatra? Во секој случај, љубовта е прекрасна под вакво ѕвездено небо.

unnamed (1)

Зависници од Pac Man

За да се согласите на ваква торта , треба да сте вистински фан на малото жолто човече што голта се пред себе. Или многу да го сакате својот свршеник кој е вечно дете „благодарение“ на видео игрите.

Продолжете со трагањето по совршена свадбена торта со само еден клик на банерот *** My Wedding Cake By Magic Cake***

nov baner magic cake

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...