Свадбени ѕвона за Џенифер Лоренс, раскошниот прстен е веќе на рака

29 годишната актерка добила дијамантен прстен украсен со смарагд од својот избраник на срцето, една година откако се заедно.

Џенифер Лоренс и Кук Марони се пред свадба! Глумицата веќе е верена со галеристот. Организирањето на свадбата не остана тајност. Еве ги деталите.

Кук ја запросил Џенифер со прекрасен прстен во вредност од 100.000 долари.

Три месеци по свршувачката, Лоренс и Марони прославиле во кругот на пријателите, во ресторан во Њујорк. Глумицата, за оваа пригода носела фустан во нијанса на праска, додека галеристот бил облечен во елегантен, темносин костум.

На новинарката Кет Садлер, која е инаку и пријателка на глумицата, таа и открила дека веќе ја одбрала венчаницата и дека локалот за венчавка е исто така, веќе закажан.

-И двајцата сме многу едноставни и не сакаме претерувања во свадбата, рекла Лоренс. Меѓу гостите пак, открила дека ќе бидат нејзините најблиски пријателки – Ема Стоун и Еми Шумер.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...