Свадбени ѕвона за Кара Делевињ и Ешли Бенсон

26-годишната топ моделка Кара Делевињ и 29-годишната глумица Ешли Бенсон се фотографирани среќни заедно, држејќи се за рака, на улиците во Сен Тропе.

Кара веќе и подарила прстен на својата партнерка, а во изјавата дадена на Тревор Лајф настанот, зборува дека нивната врска е официјализирана и дека следниот чекор набргу ќе го најават.

Бидејќи прстенот и тетоважите веќе се тука, многу веројатно е дека, кога се вели следниот чекор, се мисли на брак.

Двете убавици повеќе не ја кријат љубовта, а решиле да ја официјализираат поради две причини, првата е нивната годишнина, а втората – 50 години од Стоунволскиот бунт на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Во недоамнешниот видео пост на Инстаграм, Кара и Ешли се бакнуваат со страст, давајќи им на знаење на бројните следбеници на оваа социјална мрежа дека многу се сакаат.

На Тревор Лајф гала настанот, Делевињ примајќи ја наградата „Херој“ од бината порача. -Сакам да се заблагодарам на една посебна жена во оваа просторија која ми помогна да се сакам себеси кога најмногу ми требаше. Таа ми покажа каква е вистинската љубов и ми покажа како да ја прифатам, што беше потешко отколку што мислев “.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...