Свечена колекција: Лу Дуајон позира во новата кампања на &Other Stories

Француската глумица и пејачка Лу Дуајон е главното лице во новата кампања на &Other Stories. Самата колекција е инспирирана од стилот на Дуајон.

Колекцијата е дизајнирана за празничната сезона и содржи плишани фустани и костуми, кожени панталони и свечени кошули.

„Стилот на колекцијата е многу сличен на мојот. Постојано сум во плишани модни парчиња, најчесто во плишани панталони и бела кошула. Секогаш сум била инспирирана од машкиот стил на 70-те години“, објаснува глумицата.

x

Check Also

Новите Ray-Ban очила за сонце се „лудница“  

Новата колекција на очила за сонце насловена Ray-Ban Studios x Honey Dijon е ...