Свечено јагнешко печење – мирисно и превкусно

 

Подгответе го јагнешкото за велигденската трпеза со лук и рузмарин.

Потребни состојки – 2 кг до 2 ипол јагеншки бут (без коска), четвртина чаша сок од лимон, 8 ченчиња лук, 3 лажици свеж ситно насечкан рузмарин, 1 лажица сол и 2 лажички мелен бибер.

Подготовка

Вклучете ја рерната да се загрее на 230 степени. Парчето месо измијте го, исушето го со кујнска салфета, па во него вртљајте го лимоновиот сок, рамномерно распоредете лук и рузмарин по целата површина на месото, потоа посолете, наросете бибер и ставете го во тава за печење.

Месото печете го во рерна 20 минути, а потоа намалете ја температурата на рерната на 160 степени и продолжете да го печете два до два ипол часа. Основно правило е месото да го печете по 30 минути за секои 450 грама.

По печењето извадете го месото од рерна, завиткајте го со фолија и оставете го да отстои 15 минути пред да го сечете за температурата да се изедначи и соковите да не истечат.

Среќни велигденски празници!

 

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...