„Светло на крајот од тунелот“ во дизајните на  “Vrchkovski – Native Materials”

Кога е дизајнот, функционалноста и еко – убавината во прашање, видовме „светло на крајот од тунелот“ во дизајните на  “Vrchkovski – Native Materials”


Инспириран од природните материјали со висока еко – свест при создавањето на секое дело, Љупчо Врчковски создава уметност која ги осветлува нашите домови, нашите моменти на творење и инспирација, нашето сетило за уметност.

Една поинаква убавина, една поинаква уметност која покрај основната функционалност не освојува со својата посебност и приказната која се крие во неа.


Ламбите на  “Vrchkovski – Native Materials” се и подигнување на еко – свеста на едно повисоко ниво. Еко – приказни кои создаваат дизајни во кои е скриена основната практичност и потреба неопходна во секојдневниот живот.

Покрај функционалноста, делата на Врчковски не освојуваат со својот необичен, оригинален и уникатен дизајн. Функционална уметност на високи скалила со една поинаква префинетост и моќ.

Освен од топлината на дрвото, започнува да си „поигрува“ со него и со светлината, со онаа светлина која ни е неопходна откако денот ќе ја започне ноќта. Дрвото е основата на неговото творење се додека бамбусот не почне да навлегува во неговата инспирација и да се преплетува сигурно и естетски високо меѓу парчињата лен и ротациите коноп.

Со своите дизајни создаде светлина со уште еден материјал кој на прв поглед не се вклопува во топлината на неговите дела. Навидум студен и груб, металот во дизајните на Врчковски даде една висока естетска нота, моќ, гламур и префинетост на неговите светлечки дела.

Овојпат вашата нова ламба ќе ви ги осветлува последните страници од вашиот нов омилен роман се додека сонот не ве совлада.

Додека доцна во ноќта ги завршувате последните подготовки за утрешната презентација ќе бидете инспирирани повеќе од кога било бидејќи едноставноста и живеењето според одреден шаблон не е за вас, а ниту на вашата нова столна ламба.

Нештата кои се покрај нас, нештата кои ни го осветлуваат патот и мислите треба да се посебни и да бидат далечни на секојдневната монотонија. Мирисот на вистинската уметност никогаш не е пренападен и силен туку поседува една пријатна нота којa само треба да ја надополни вашата аура.

Една поинаква светлина се крие во ламбите на “Vrchkovski – Native Materials”
Која е таа?
Треба да откриете… https://www.facebook.com/vrchkovski.lights/

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...