Светот според Карл

Факт е дека тој нема влакна на јазикот. За Пипа Мидлтон без пардон изјави дека „ќе биде подобро да продолжи да ја покажува својата Б- страна која веројатно е подобра од А -страната“, а за Адел –  „малку повеќе пополничка“…Во септемри ќе излезе неговата книга во која ќе бидат собрани сите изјави на Карл Лагерфилд.

karl vnatre

Со забавни илустрации и во соработка на повеќе писатели со почетокот на есента ни доаѓа книгата на Карл Лагерфилд со наслов „Светот според Карл“. Во книгата ќе бидат собрани сите таканаречени „карлизми“ – искрени изјави за ѕвездите од страна на креаторот, па можеме да претпоставиме дека станува збор за нов бестселер. Во книгата Лагерфилд се мајтапи и на сметка на фирмите кои ги управува, Шанел и Фенди.

Книгата на Лагерфилд ќе биде во продажба истиот период кога Роберто Кавали ќе ја издаде својата автобиографска книга за која веќе најави дека пишува без влакна на јазикот. Останува да видиме кој ќе биде позабавен и поискрен.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...