Светото срце на Долче и Габана: Дали е ова најженствената колекција која до сега сме ја виделе?

Кога Сицилија и Шпанија ќе се сретнат на модната писта резултатот е прекрасна мешавина на сензуална црвена, црна и бела боја која го нагласува женскиот огнен дух и моќта на женственоста.

d2

Долче и Габана ја претставија колекцијата за пролет/лето 2015 година на миланската модна недела покажувајќи ни до каде и колку модата може да биде креативна, волшебна.

d3

Оле!, жени облечени како тореадори, полка точки, тантела, цветови…многу каранфили! Каранфилот се јавува како симбол и на шпанската и на сицилијанската традиција, а тука го има насекаде, и во косата. Вплетен во косата на најнеобични начини.

Светото срце е главниот симбол на колекцијата, тоа е извезено или отпечатено на облеката.

„Го имам овој живот, и сакам да бидам среќен. Сакам да јадам домати и паста. Сакам да имам страст“, објаснува Стефано Габана пред почетокот на ревијата на миланската модна недела, која се случи вчера попладне.

Не се сомневаме дека ова видео и вам ќе ви ја разбуди страста.

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...