Светската ѕвезда Андре Риу се враќа во Скопје!

Воодушевен од публиката, светската ѕвезда Андре Риу повторно во Скопје!

Маестро Андре Риу во ноември повторно ќе се претстави пред Македонската публика. Ќе имаме шанса да чуеме една сосема нова програма исполнета со фантастични филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета како и традиционална музика. Подгответе се за незаборавна вечер исполнета со музика и валцер.

“Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја.” – вели Андре Риу. “Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката.”

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Неговите настапи се многу повеќе од само музика – раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор. Таму е дозволено да се смее, плаче, игра, танцува… перфектен спој за одлична забава.

Риу се наоѓа на првото место на над 30-тина топ-листи, добива 500 Платинум награди и продава повеќе од 40 милиони ЦД и ДВД изданија. Неговите видеа на “Јутуб” надминуваат милијарда прегледи, а неговиот “Фејсбук” има 5 милиони следачи. Ова се само дел од причините зошто Њујорк Тајмс го нарекуваат вистински “Маестро на публиката”.

Овој екслклузивен настан ќе се одржи во С.Ц. БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27-ми ноември 2020 година.

Билетите ќе бидат достапни во продажба од СРЕДА, 11-ти МАРТ 2020-та од 10:00 часот на www.andrerieu.com , mktickets.mk и на www.karti.com.mk.

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...