Своч повторно не враќа во 80-те

Да се забавуваме како да е  1983 година!

bozinovski 6

За носталгичарите за ретро стилот, оние кои знаат да уживаат во  Брилијантин и Флешденс, кои потпевнуваат на „Livin’ on a prayer” додека брзаат на работа со слушалки во уши, за кои Мадона е незаменливата поп икона, а Џон Траволта е еден од најдобрите холивудски фраери. За оние кои обожаваат гледање „ Алф“ со своите деца и ниту една игра не ја споредуваат со Супер Марио,како и за сите нови следбеници на ретро музиката и модата, Свол (Swatch) промовира Mystery Vintage колекција која претставува враќање во 80-те, преку часовниците со дизајни од овој период.

bozinovski 1

„Своч (Swatch) како и секогаш верен на уметничкиот и креативен свет, повторно ги лансира некогаш актуелните модели, меѓу нив и специјални изданија како што се часовници инспирирани од тајниот агент Џејмс Бонд 007, Олимписките игри, стрип јунакот Корто Малтезе. Овие часовници сега се соединети на еден многу интересен и несекојдневен начин во Mystery Vintage колекција. Mystery Vintage колекцијата ја сочинуваат 45 најразлични модели од три категориии – Gent, Lady, Jelly in Jelly, спакувани по три часовника во три различни пакувања (розево, жолто и сино). На позадината од секое од пакувањето се прикажани 15 модели од кои 3 ќе ги добиете во избраниот сет.

bozinovski 5

Оваа колекцијата е создадена за сите пасионери на ретро стилот, времето и секако музиката. Не случајно, со нас денес е и г-динот Драган Б. Костиќ, човекот кој сите го знаеме по прекрасните музички емисии, водач на ретро музиката во Македонија, за да ни раскаже една своја приказна, ретро, но сега поврзана со брендот Своч“  – изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

Драган Б. Костиќ

Драган Б. Костиќ

Своч (Swatch) часовникот на Драган Б. Костиќ му го подарил Џеј кој бил Американец, возрасен човек, што случајно се нашол во хотел „Турист“ каде што Драган пуштал музика.Човекот бил сопственик на еден од најпознатите синџири на хотели од Б категорија во Њујорк. Џеј доаѓал секоја година и на крајот кога си заминувал секогаш на персоналот му давал по 100 долари, освен на Драган.

„ Една година на почетокот на 80-те години, дојде повторно на врата, како и секоја година. Ми рече дека за мене има два подарока, еден поголем и една помал. Поголемиот беше кутија во која го имаше најновиот број на музичкото списание Билборд. Во она време, да го имате најновото издание кое од Њујорк сме го чекале по две недели, значело многу. Под списанието, убаво беа спакувани првите сто албуми за таа недела во Америка. Вториот подарок што го добив ми кажа дека е нешто најново и најпопуларно во Њујорк. Ми рече:„ На овие албуми ќе им пројде времето, а ова што сега ќе ти го подарам секогаш ќе ти го покажува времето“. Значи во тоа време, пред повеќе од 30 години ми подари Своч часовник. Часовникот кој е од првата генерација на Своч до денеска работи, само ремчето е сменето,“ изјави Драган Б. Костиќ.

bozinovski 2

А зошто Mystery?

Затоа што купувањето со Своч (Swatch) е секогаш забавно, особено кога се работи за овие модели. Едноставно, купувате пакет и добивате 3 часовника по случаен избор.

Пакувањето во кое и не знаете што всушност има е највозбудливиот дел, кој ја буди љубопитноста потајно сокриена во секој од нас.

Како бонус на целата возбуда, по цена на еден часовник (3.400 ден) добивате 3 Своч (Swatch) часовници.

Па, доколку сакате да ги изненадите вашите блиски и драги личности за време на празниците или сакате да купите за вас лично нешто несекојдневно а практично, ние ви предлагаме Swatch Mystery Vintage пакет од 3 часовници.

Дозволете со Своч и Божиновски часовници и накит да се вратите во ретро времето и да се забавувате како во 80-те!

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...