Своч во предизвик на луксузот

Своч (Swatch) е бренд кој отсекогаш покажувал време со емоции. Дали преку дизајнот или пак преку креативноста, Своч отсекогаш им давал можност на своите уметници да се изразат на најмалото платно на светот, платна носени од милиони луѓе, а секое од нив дава одделна слика на уникатноста и идентитетот веќе три децении.

DSC_0279

Светски познат по своите колоритни, тренди и пристапни пластични часовници, Своч ја предизвикува индустријата уште еднаш со неколку нови часовници со луксузен механизам – турбилон. Овие модели се во строго ограничено производство. Првиот Diaphane one Full Turn White е дизајниран за жените со софистициран и пребирлив вкус и е изработен со прстен од бело злато и дијаманти со вкупна каратажа од 0,41 карати и ремче од бела алигаторска кожа. Diaphane One Full Turn Night е дизајниран за мажите и има прстен од црна сјајна керамика, куќиште од нетранспарентна црна пластика и ремче од црна алигаторска кожа.

DSC_0285

DSC_0281

Во срцето и на двата часовника се наоѓа несекојдневен ротирачки механизам – турбилон. Тој претставува комбинација од најфина традиционална изработка со естетска рафинираност надополнета со карактеристична препознатливост на најпознатиот светски производител на часовници.

DSC_0282

Часовниците се препознатливи и по креативното спојување на многу комплексни движења во вистински Своч стил, преку вртење на елементите од механизмот околу една оска на секои 30 минути со што на секој половина час имате часовник со различно лице и дизајн. Тоа се всушност 360 степени на емоција и механичка прецизност.

Овие модели се достапни само во одредени продажни места во светот и во строго ограничени, нумерирани изданија.

Па кој би очекувал од Своч, ни помалку ни повеќе, туку престижен луксузен механички часовник.

 

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...