Ta Ta Towel – Хит градник за девојките со големи гради

Градникот Ta Ta Towel за брзо време стана хит на социјалните мрежи. Станува збор за дизајн на Ерин Роберстон, која е всушност и основач на оваа марка која продава градници наменети за девојки кои имаат големи гради.

Секој од овие градници има две страни и се продава со лента на подесување сместена на задната страна од вратот, па лесно градникот се прилагодува на димензијата на градите.

Ерин одлучила да го дизајнира овој специфичен градник откако заклучила дека постојано се поти во пределот под градите. „Живеев во Лос Анџелес и се подготвував за првиот работен ден, но штом излегов од купатилото по туширање веднаш почнав да се потам. Откако се обидов на секаков начин да го спречам потењето, дојдов до оваа идеја“, објаснува Ерин.

Градникот Ta Ta Towel е достапен во продажба преку официјалната веб-страница по цена од 45 долари.

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...