Домашна маска за лице против брчки

Брчките околу очите и подочниците се чест проблем во поодминати години. Жените користат разни лосиони за затегнување на кожата, која поради староста ја изгубила еластичноста. Не можеме да кажеме дека лосионите немаат ефект, но денеска ќе ви презентираме потполно природен домашен рецепт кој според многумина е ефикасно решение против набраната кожа околу очите.

f6a08aeb91ea0dcceb9065dc38a8fca9

Потребни состојки:

2 лажици мед
100 грама дестилирана вода
1 лажица желатин
1 мала лажичка лимонов сок
Чист празен сад

beauty-mask-facial-how-to-make-deep-cleaning-weekly

Подготовка: Дестилираната вода ја ставаме да зоврие. Откако ќе почне да врие ја тргаме од оганот. Во топлата вода го ставаме желатинот, медот и лимоновиот сок. Мешаме се додека смесата не стане хомогена. Ја ставаме во чист сад кој може добро да се затвори. Со гелот редовно правете масажи на подочниците, најдобро навечер.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...