Тајната на холивудската „вечна младост“ е во козметичката акупунктура

Козметичката акупунктура на лице на страниците на високо тиражниот магазин „The Times“ е опишана како „алтернатива за пластична хирургија на лице“. Овој третман е неинвазивен и:

  • Ги редуцира фините линии и брчките
  • Ги намалува порите
  • Го подобрува мускулниот тонус
  • Ги редуцира темните кругови околу очите
  • Ја враќа виталноста на лицето
  • Ја подобрува еластичноста на кожата – за да изгледате и се чувствувате помладо

Козметичката акупунктура е тајната на младиот изглед на голем број славни лица , како Мадона, Гвинет Палтроу, Викторија Бекам и Деми Мур. Ова е поевтина и побезбедна алтернатива во споредба со други инвазивни козметички процедури.

Третманот од еден час започнува со вметнување на игли во одредени акупунктурни точки на телото, во времетраење од 15 минути со цел балансирање на телесната енергија. Се продолжува со специјална масажа (Туина масажа) на лицето. Потоа се вметнуваат многу мали интрадермални, стерилни игли во одредени акупунктурни точки на лицето, и се финализира со третман наречен Гуа Ша. Целта на третманот е да ја подобри циркулацијата на крвта и лимфниот систем, со што полесно се отстрануваат токсините и се стимулира продукцијата на нов колаген.

Ова не е третман кој што ќе ја промени анатомијата на вашето лице, но несомнено ќе ви го врати сјајот и ќе придонесе за помлад изглед по природен пат и истовремено ќе го подобри и вашето здравје.

acupuntura (1) ZZZZZZZ

Со овој третман исто така се стимулира протокот на крв и енергија во лицето, помага за хидратација на кожата и подобро снабдување на истата со кислород, како и за намалување на знаците на старост.

Статистичките податоци објавени во Интернационалниот Магазин за Клиничка Акупунктура во 1996 година, покажаа дека кај 90% од 300 учесници во истражувањето на ефективноста на козметичката акупунктура на лице се забележани резултати уште по првиот третман.

Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).

Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира (сегментна акупунктура).

gorancrop2

Д-р Горан Манев 
Доктор по медицина, ВСС по Акупунктура. BacLogo1 (1)

Закажете третман:
 076/66 84 28

newlogo4 (2) jaka bojaЛокација:
Ул.Фредерик Шопен, 10 /Скопје
Поставете прашање: info@akupunktura.mk

 

 

x

Check Also

Fit Family дел од Моден Викенд Скопје

Тренд во светот, а сега достапен и кај нас – Fit Family ...