Тајните на Favorit апаратите за домаќинство при подготовка на зимница  

 

Несомнено септември е оној период во годината во кој што секое семејство започнува со правење на зимници, џемови, слатка, природни сокови. Децении наназад македонските домаќинства во есенските денови подготвуваат зимници, за да може да ги конзумираат во зимскиот период кога свежиот зеленчук и свежото овошје се сведени на минимум.

Низ годините, зимниците се правеле под отворено небо на печка на дрва, но денес модерните домаќинства сакаат да ја спремат зимницата побрзо, директно во својата кујна. Затоа, многу е важно каков шпорет имаат домаќинствата. Квалитетот, капацитетот и карактеристиките на шпоретот, заедно со ринглите и рерната играат огромна улога во спремањето на зимници. Затоа секое домаќинство ја опремува својата кујна со веќе докажани квалитетни апарати за домаќинство.

Како избор, одличен за тоа е брендот Favorit Electronics. Брендот во категориите на производи нуди шпорети кои што несомнено ќе ги задоволат сите потреби и очекувања на корисниците, а истите се поделени во три групи и тоа електрични самостоечки шпорети, комбинирани самостоечки шпорети и стакло-керамички самостоечки шпорети. Големиот избор на модели, FAVORIT EC 640 WWFT, FAVORIT EC 640 WWF и FAVORIT EC 640 SF од групата на електрични самостоечки шпорети, FAVORIT К 622 SF, FAVORIT К 622 WWFT и FAVORIT К 622 WWF модели на комбинирани самостоечки шпорети и моделите од групата на стакло-керамички самостоечки шпорети FAVORIT CC 600 WWF, FAVORIT CC 600 IF, FAVORIT CC 600 SF, CC 500 SF и CC 500 WWF, даваат огромна можност за наоѓање на вистинскиот модел со бараните карактеристики.

За подготовка на зимница, најпрво теглите во кои што ќе биде складирана зимницата, треба да се стерилизираат. Теглите може да се стерилизираат во рерна или во машина за садови на висока температура. Favorit Electronics освен големиот избор на шпорети, во својот широк асортиман нуди и машини за садови кои со своите карактеристики и квалитет ветуваат многу. Брендот Favorit машините за садови ги класифицира во две категории и тоа машини со димензии од 45 cm, во која категорија влегуваат моделите MS 3000 и MS 3000 inox и машини со димензии од 60 cm заедно со моделите MS 5000 и MS 7000.

Според тоа капацитетот на рерната е многу важен. Моделите на шпорети на Favorit Electronics имаат различен волумен на рерна и тоа од 50L, 56L, 58L и 62L, со што речиси секоја рерна доаѓа со барем една до две длабоки тепсии, така што потошувачите имаат можност за избор. Стерилизацијата во рерна најдобро се прави на 200 степени за време од 5 минути, но исто така теглите може да се стерилизираат и со варење во врела вода за време од 10 до 15 минути на рингла.

Во денешно време има голем број на рецепти за различни зимници и начини за подготовка на истите во домашни услови. Еве неколку од нив:

Домашно подготвен ајвар со кој нема да згрешите при подготовката.
Потебните состојки се: 10 кг црвени пиперки, 3 кг модар патлиџан, 2-4 лути пиперки, 3 лажици алкохолен оцет, 2 главици лук, 1 л + 2 дц сончогледово масло и сол по вкус, околу 5 лажици.
Најпрво се мијат и сушат пиперките, а потоа се печат во рерна на 225 степени, додека лушпата не почне да се одвојува од пиперките. Важно е рерната да ја одржува константната топлина додека пиперките се во рерна, а моделите на Favorit Electronics го гарантираат тоа. Додека ги лупите и чистите испечените пиперки, модрите патлиџани ставете ги во рерната на истата температура и печете ги околу 35 до 40 минути. Потоа, исчистените и излупени пиперки и модри патлиџани смелете ги на машина за мелење месо или блендер и ставете ги во голем сад на рингла со претходно загреано масло од 1 литар. Смесата се вари на Favorit шпоретот од 2-3 часа на умерена температура и на крај се додаваат зачините по желба и вкус. Откако ајварот е готов, врел се претура  во претходно измиените и стерилизирани тегли.

Најбрзиот џем од јагоди подготвен во домашни услови за само 15 минути, кој ќе биде слатко уживање за целото семејство. Потребните состојки се 700 грама јагоди, 150 грама шеќер, голема лажица сок од лимон и две лажици екстракт од ванила. Најпрво јагодите исецкајте ги и ставете го во длабоко тенџере и ставете го тенџерето на претходно загреаната рингла, додајте го шеќерот и покријте го тенџерето со капак за смесата да зоврие. Откако ќе зоврие смесата оставете ја да се вари на тивок оган уште 10тина минути, потоа додадете го сокот од лимон и екстрактот од ванила. Сварениот џем ставете го во претходно стерилизираните тегли во рерна и откако ќе се излади чувајте го во Favorit фрижидер.

За подетални информации во врска со моделите и карактеристиките на шпоретите на Favorit, посетете ја веб страницата на Favorit Electronics.

x

Check Also

Иновативниот уред IQOS отсега достапен и во Битола

Во Битола, во центарот на градот во продажниот објект Парфимерија Шатци е ...