Тајните на Французинките: Како да се откажете од зависноста од слатките

Како да одолеете на искушението на вкусна торта, кога треба да  јадете нешто здраво и нискокалорично? Француските истражувачи нудат одговор.

Paris woman eating macaron

Нутриционистите открија трик: пред да одлучите што ќе јадете, уживајте во „овошните мириси” бидејќи така веројатноста  дека ќе изберете здрава храна е поголема. Особено кога станува збор за десертот.

Мирисите влијаат на нашиот апетит

il_fullxfull.204223710 (1)

Француските психолози тврдат дека нивното откритие нагласува до кој степен  мирисите влијаат на нашиот избор на храна, бидејќи испитаниците  во никој случај не знаеле дека биле намерно изложени на овошните мириси. Тие избраа 115 лица на возраст меѓу 18 и 50 години и ги  поделија во две групи. Им било кажано дека експертите ја проучуваат комуникацијата за време на оброците, а не изборот на храна, во зависност од мирисот.

9c8fc79f31f29dc20b1b2d8f46888e4b

Половина од испитаниците чекала во просторијата каде пред тие да влезат бил испрскан мирис на свежи круши, додека другите учесници чекале во просторија без посебен мирис.

По 15 минути, испитаниците веќе влегле во друга просторија, каде избрале три јадења од шведската маса. За секое јадење тие имале избор : јадење со овошје или зеленчук или јадење без ниедно од нив. Така, можеле да изберат меѓу чинија со ладни нарезоци или изрендан морков за предјадење, тестенина „болоњезе“ или лосос со ориз од зелен зеленчук за главно јадење и чоколадно колаче или компот од јаболки за десерт.

Додека мирисот на крушата не влијаел премногу на изборот на предјадење и главното јадење, утврдена е важна разлика кај изборот на десертот. Три од четирите лица кои не биле изложени на мирисот на крушата, избрале чоколаден десерт, во споредба со помалку од половината од испитаниците од групата кои го почувствувале мирисот на крушата.

ddddd

Со оваа студија прв пат е покажано дека несвесно перципираниот овошен мирис може да влијае на изборот на храна и да доведе до „поовошни“ десерти, објаснуваат француските експерти.

x

Check Also

Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа

Новото глобално истражување на Касперски открива предизвици зад ограничените семејни разговори за ...