Тајра Бенкс на насловната на Sport Illustrated, годините не и можат ништо!

Американскиот модел и актерка Тајра Бенкс има полни 45 години и по подолг период, поточно по цели 13 години, повторно ја освои насловната страница на престижното списание Sport Illustrated.

Со заносно тело, фотографиите ќе ве остават подзинати. Тајра повторно се врати пред фотообјективот и тоа овојпат храбро во бикини.

Инаку, Тајра Бенкс е една од најпопуларните и најплатените модели од 90-те години. Позната е и како прва црна жена која се појавила на насловната на Sport Illustrated. Сега пак, е уште попривлечна и докажува дека годините (45) се само бројка.

На новото издание на Sport Illustrated, Тајра позира во дводелен костим за капење во силна жолта нијанса, инспириран од стилот на 90-те години. Ќе се согласите, каква бомба!

x

Check Also

Кајли Џенер во бикини од Шанел што се постари од неа

Супермоделот Кајли Џенер постираше фотографии на Инстаграм, како на краткиот одмор, носи ...