Тамара ќе носи накит од Котев Ксенија на евровизиската сцена

Се поблиску сме до долгоочекуваниот евровизиски настап на Тамара Тодевска во Тел Авив, Израел. Со „Proud“ и моќниот глас на Тамара очекуваме и моќен изглед на сцената.


Тамара на сцената ќе носи креација на Александар Ношпал која совршено ја истакнува нејзината женственост.

Дланките на Тамара ќе бидат „покриени“ со сребрен накит креиран од дизајнерката на накит Котев Ксенија.

Котев креираше моќни парчиња накит за овој настап и тоа два волуменозни прстени и брош за Тамара и доминантни обетки за придружните вокали Антониа Гиговска и Александра Јанева.

Накитот е креиран специјално за Тамара, за нејзиниот настап инспириран од стиховите на „Proud“ и секоја жена која е пример за моќ, сила и гордост.

„Горда (#proud) на моќната женска аура создадов накит кој не е стереотипен. Накит кој ја покажува силата на секоја од нас, накит кој говори гласно ширејќи ги крилјата на нашите сребрени тела“ – вели Котев.

x

Check Also

Минамиалистички дизајни од & Other Stories

Помалку е повеќе, сметаат дизајнерите од & Other Stories мислејќи на новите модни ...