Тантела – за храби и софистицирани девојки и жени

Префинето, нежно и романтично. Тантелата или таканаречената чипка е тренд кој опстојува со години и е признаен од многу генерации на жени – горди сопственички на чипкани модни парчиња во својот гардеробер. Овој материјал е неизбежен, особено со доаѓањето на пролетта. Можете да го комбинирате со многу модели и аутфити. Жените го преферираат во долната облека, како моден детаљ или за тоалети, здолништа, кошули. Тантелата е застапена секаде.

Долната облека од тантела секогаш треба да ја чувате на посебно место, предвидено за нежни материјали. Уште подобро ќе биде ако можете да ја обложите фиоката или кутијата со свила, мазна хартија или сл. за да ја заштитите облеката комплетно.

Ви претставуваме 3 фантастични модели долна облека со тантела кои ќе ги обожувате!

Градник кој го носат милиони жени ширум светот!

Како да создадете тренди облека, а воедно да изгледате смело, предизвикувачки нежно, романтично, но со голема доза на самодоверба? Храбрите девојки и жени го прифатија комбинирањето на бралетот, градник кој ги освои срцата на милиони дами ширум светот, без „пуш-ап“ потпори или жици, кој овозможува удобност, природност и сензуалност. Бралетот може да се облече под блузата, кошулата или фустанчето, а сепак да наѕира малку во одредени делови. Може да си поиграте со боите на облеката и бралетот за интересен изглед, а доколку се одлучите за црни тонови, блузата може да биде проѕирна. Со таква комбинација би биле модерни, но со голема доза на софистицираност и вкус. Гордо облечете ги фустаните или блузите со гол грб и додадете заводлив детаљ со тантела од бралетот доколку истиот е со интересни елементи на задниот дел. Комбинирајте го и со сако за ултра-модерно вечерно излегување. Внимавајте на изборот на должината на бралетот, во одредени комбинации тој треба да наликува на топ маица, а во други може да се искомбинира со пократки модели.

За единствен женствен и елегатен изглед

Женствено и елегантно. Морате да си обезбедите „боди“ кое ќе биде изработено од квалитетна чипка и уникатен тул. Може да го имате во повеќе варијатни: памучно со малку детали на тантела на ракавите, грбот или на страничните предели. Едноставно, но сепак со елегантни примеси во дизајнот. Можеби ќе се одлучите за варијанта со прерамки на предниот дел кои се видливи ако облечете кошули или џемперчиња со отпетлани копчиња за вечерни излегувања. Доколку се одлучите за едноставно боди на тенки бретели и тантела на пределот на градите и задникот, го имате најсофистицираното парче долна облека во својот гардеробер. Дел од нив може да ги искомбинирате под сакоа или блузи, а дел од нив зачувајте ги како свои уникатни парчиња долна облека во кои ќе се чувствувате фантастично и самоуверено.

Сензуално и романтично

Ја сакате романсата и ја преферирате сензуалноста? Тогаш вие сакате нежни ноќници, наметки, маици и килоти во кои ќе ја уживате тантелата. Одберете различни дизајни на тул и тантела и она што најмногу ќе ви прилега. Белата и црната боја се најзастапените за овие модели, а ваша е одлуката која боја повеќе ви се допаѓа. Како и кај боди моделите, така и тука, може да сретнете маици со тенки или дебели бретели или ноќници кои се целосно чипкани, но и ноќници искомбинирани со памучни детали. Сепак, кој и да е изборот, вие одбирате сензуалност во вашиот гардеробер!

Трагајќи по бралетот кој сакаме да го искомбинираме со пролетните кошули, наидовме на моделите во Сара Фешн (проверете -ТУКА), а помеѓу бордо и црните дизајни не можевме да се одлучиме која подобро ќе прилега, па затоа ги земавме и двете.

Девојки, кој ќе биде вашиот храбар избор за софистицирана пролет?

x

Check Also

Новогодишна кампања на Pull & Bear: Еве што предлагаат за дотерување во празничната сезона

Holiday 2019 party е името на новогодипната кампања на модната марка Pull & Bear. Моделите ...