Тексас: Единствена јакна која никогаш не излегува од мода

Тексас јакната  е класичен, безвременски предмет на облекување што прилега на сите стилови и комбинации.  Неизбежно парче од гардеробата кое е идеално и за преодниот период меѓу топлото и ладното време од годината.

teksas 1

Тексас јакните се „морални“ оваа сезона. Најбарани се оние во ретро стил, кои можете да ги комбинирате со макси фустани и сукњи, со омилениот пар на кратки чизми исто како и со отворени сандали.

teksas 2

Посебен акцент се става и на моделите кои потсетуваат на моторџиски јакни. Тие пак, најубаво  се комбинираат со тесни пантолони или секси „пенкало“ здолниште со неизбежните високи потпетици.

Тексас сакото повторно процвета, но во нешто поразличен облик од оној на кој сме навикнале. Било да се одлучите за струкирана или пак предимензионирана варијанта, сакото можете да го комбинирате со тесни црни пантолони со кои ќе изгледате совршено без многу мака.

Во сезоната која следува хит е и тексасот без ракави кој најмногу се истакнува во комбинација со шарени кошули или фустани.

 

x

Check Also

Топ 9 модели на есенски кратки чизмички од ZARA

Популарната шпанска модна марка Zara ни носи низа модели на чизми за ...