Тексас колекција од H&M: Едни поразлични фармерки и јакни

Модниот гигант H&M ја лансираше кампањата за пролетната колекција посветена на тексасот. Со оглед на тоа дека колекцијата има најразлични тексас парчиња, од H&M предлагаат да комбинираме тексас со тексас и на тој начин да ја искажеме нашата индивидуалност.

Во „игра“ и за пролетната сезона остануваат „искинатите“ фармерки, потоа тука се предимензионираните модели, фармерките со должина до глуждовите, но и модели со цветен принт или апликации од типот на бисерчиња и светки. И двобојните фармерки се модерни, како и комбинациите на дукс и тексас елек.

Во колекцијата не недостигаат ни бои, односно не се форсира само класичниот син тексас туку и модни парчиња во розова, жолта и други пастелни нијанси.

Во фотогалеријата погледнете каков тексас ни нуди H&M за сезоната на потопли денови.

 

 

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...