Тексас колекција од Liu Jo за есен/зима 2019 и како да ја комбинираме

Ангелот на Викторија сикрет, Грејс Елизабет, ги претставува најновите трендови на џинс од Liu Jo и нѝ покажува како оваа сезона да го носиме тексасот.

Американсаката убавица позира за новиот тренди водич на Liu Jo презентирајќи ги новите модели на фармерки – од „слим фит“ модели до релаксирани „бојфренд“ фармерки. Оваа сезона тие се комбинираат со палта од вештачко крзно, џемпери до богат принт и кожени јакни, исто така, достапни во продажба во есенската колекција на популарната модна марка.

Дизајнерите од Liu Jo не потсетуваат дека модните додатоци, како ремените, но и обувките, во вестерн стил се добредојдени и на трендот – чизмите да се носат над фармерките.

Во продолжение погледнете ја деним колекцијата за есен/зима 2019/20 од Liu Jo.

x

Check Also

15 ГОДИНИ HUGO BOSS: Прославуваме 15 години стил и елеганција

Брендот Hugo Boss прославува 15 години постоење кај нас. Во тој повод ...