Тексас колекција од Stradivarius за пролет/лето 2018

Модната марка Stradivarius лансираше тексас колекција.

Ново модно парче од тексас секогаш добро ни доаѓа во овој период на годината, а во новата колекција на Stradivarius, изборот е прилично голем.

Од кратки-тексас панталончиња до комбинезонки, тексас фустани, сукњи, кошули… до фармерки – колекцијата насловена Denim Vibes може да одговори на сите барања на различните вкусови кога станува збор за тексасот. Моделите се инспирирани од актуелните трендови, урбаната култураа и уличната мода.

Denim Vibes всушност носи модерен поглед на класичните тексас модни парчиња. Во фокусот на колекцијата е избледениот тексас, но за оние кои оваа пролет/лето ќе сакаат нешто понекласично, Stradivarius нуди и неколку трендовски модели во црна и бела боја.

Погледнете ги новите модни парчиња во фотогалеријата.

x

Check Also

Групна изложба на македонска мода и дизајн во галеријата „Акантус“

В петок, 14. декември во 18 часот во галеријата „Акантус“ во Скопје ...