Оваа пролет/лето тексас сандалите се едни од поголемите трендови на сезоната, а уште кога се со цветен принт – кој може да им одолее?
Уште една предност на овие сандали од Mango е потпетицата од 7 сантиметри, која е стабилна и дебела, па во нив удобно може да го поминеме целиот ден.
Па кој го сака ретро стилот, еве едни вистински обувки погодни и за на работното место, како и за журкање на плажа.