Zara

Тексасот никогаш не бил толку забавен: Најфраерски модели од актуелните колекции

Модните парчиња од тексас често ги нарекуваме базични, но со оглед на модерните ткаенини и комбинации кои се појавија во текот на последните неколку сезони, тексас парчињата можат да бидат многу забавни, секси и впечатливи.

zara

Помина времето кога „мами“ фармерките беа иновација, потоа следуваа везовите на џебовите, па трендот на „искинати“ фармерки, „бојфренд“ и „скини“ фаермерките кои внесоа извесна свежина, но одиме понатаму проширувајќи ги тексас хоризонтите.

Сега, тексас парчињата се со апликации од бисерчиња, врвци, панделки, светки, везови, нитни…, а може да бидат и комбинација од повеќето претходно наброени додатоци.

Во фотогалеријата погледнете ги најзабавните тексас парчиња од актуелните колекции.

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...