Телефон кој долго се очекуваше – Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија  

 

Samsung Galaxy Z Fold2, предводникот на третата генерација на телефони на преклоп, од денеска може да се купи во Македонија. Станува збор за уред со софистициран дизајн, кој во потполност го менува обликот на иднината, благодарејќи на револуционерните перформанси на паметен телефон, стаклото кое што се склопува и батеријата која што трае цел ден. Z Fold2 е идеален за брзиот секојдневен живот и мултитаскинг, со никогаш поголемиот преден и импресивен главен, внатрешен екран.

Samsung Galaxy Z Fold2 на корисниците им пружа ново мобилно искуство, со унапредени можности и значајни иновации. Она што го карактеризира овој врвен уред е храбриот дизајн во комбинација со напредната технологија на изработка. Кога ќе се отвори, Z Fold2 има главен екран од 7,6 инчи. Меѓутоа, праќањето на електронска пошта или гледањето на омилената содржина е можно и без отворање на уредот, благодарејќи на Infinity-O Cover Screen екранот од 6,2 инча.

Дел од новиот дизајн на овогодинешната генерација на телефони на преклоп е и шарката, која речиси незабележливо се вклопува во куќиштето на телефонот со CAM механизмот. Шарката на Galaxy Z Fold2 се одликува со револуционерната техника, модифицираниот состав и изменетата густина на влакна. Исто така, овој паметен телефон поседува и иновативна технологија за чистење, со што прашината и несаканите честички нема да се задржуваат во просторот помеѓу преклопот и куќиштето.

Искуството на корисниците со паметниот телефон како што е Z Fold2 достигнува сосема ново ниво, така што овој телефон на преклоп исклучително е погоден за секој кој сака мултитаскинг. Благодарејќи на Flex Mode функцијата, снимањето, фотографирањето  и гледањето на содржини во реално време станува многу полесно, додека пак камерите на овој уред имаат Pro Video, Single Take, Bright Night и Night Mode режими, со што на корисниците им овозможуваат да го овековечат секој момент на врвен начин.

Овој единствен телефон на преклоп ќе биде достапен на нашиот пазар во мистично црна и мистично бронзена боја, по цена од 123.999 денари. Повеќе информации за уредот може да најдете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold2/ .  

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...