Темно-зелена нијанса и војнички принт во новата колекција на STRADIVARIUS

Кога сме кај принтовите и нијансите, сигурно е дека преодната сезона меѓу зимата и пролетта, па и целата пролет понатаму, ќе бидат во знакот на војничкиот принт и темно-зелената боја. Овие два тренда веќе ги среќаваме насекаде во колекциите на луксузните модни марки, а секако, и во новите колекции на популарните „хај стрит“ брендови.

Страдивариус

И во новата колекција на STRADIVARIUS доминантни се војничкиот принт и темно-зелената нијанса. Ги гледаме на низа инспиративни модни парчиња – од парки до војнички капути и кардигани во темнозелена боја, до фенси кошули со „милитари“ принт.

Интересно е што и фустаните и блузите се во тој стил, а се комбинираат го груби „војнички“ чевли или чизми.

Во продолжение, погледнете дел од моделите (и како да се комбинираат) од новата колекција на Страдивариус.

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...