Темпера го промовираа новиот сингл „Дојди“

Позитивни, енергични и со полно срце македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.

Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум “Играј!”

“Дојди” е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена и продуцирана во Тралала студио. Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.

x

Check Also

 Винаријата „Сковин Група“ со новата берба ја продолжува традицијата на производство на вино од Скопскиот регион

Со бербата на грозјето Шардоне продолжува традицијата на производство на вино од Скопското виногорје. Винаријата „Сковин ...