Тензија помеѓу две непознати групи пред Капитол мол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред Капитол мол десетици луѓе се во голема караница. Два различни ставови и лути изрази на лицата, но двете групи со млади деца пред молот, наместо на насилен начин, според очевидците, тензијата и проблемот одлучиле да го решат со танцување преку dance battle.

Случајните минувачи дефинитивно останаа заинтригирани и воодушевени од она кое го гледаат и од одлуката на овие две непознати групи, секако снимајќи ги и фотографирајќи ги како несекојдневна глетка.

Што точно се крие позади оваа караница останува мистерија, но начинот на кој децата го решија недоразбирањето преку танц наиде на одобрување и поздрав од присутните.

x

Check Also

Ајде, на паметен шопинг: 50% попусти на колекцијата есен/зима во Carter`s и OshKosh B’gosh

Подобро време за шопинг не може да биде! Carter`s и OshKosh B’gosh нѝ ...