Тес Холидеј ја пишува историјата на плус-сајз моделството

Тес Холидеј (поточно Тес Манстер) која е плус-сајз модел, блогерка и активистка за позитивен поглед на телото, потпиша договор со лондонската модна агенција Милк Менаџмент. И додека го читате ова и помислувате „блазе си и, но што има посебно во ова“, обрнете внимание на следнава реченица –  Тес има околу 120 килограми, за часовниците што ги носи се изработуваат посебни ремчиња за да може да ги запетла околу зглобот, и таа е првата жена со ваква телесна тежина која потпишала договор со модна агенција.

t3

Тес, која живее во Лос Анџелес, веќе се појави во италијанскиот Вог Vogue Италија, а веќе извесно време работи како модел. Според нејзините изјави, таа била заинтересирана и претходно за оваа професија, но секогаш била одбивана поради нејзинит димензии кои не се вклопуваат во модните „закони“ за плус-сајз моделите. Но само еден поглед на нејзиното портфолио, ќе ви открие дека оваа девојка всушност има талент за многу работи.

t1

Тетовираната убавица вели дека е основач на #EffYourBeautyStandards, Инстаграм страница на која илјадници мажи и жени со различни димензии и облини позираат пред камерата за да покажат дека телесната тежина не е пресудна за да изгледате секси.

t2

Се надеваме дека успехот на Тес е само почеток на пишувањето на една нова книга која понатаму ќе вклучува учество во модниот свет на уште стотици други девојки слични на неа.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...