The Only One – Нов женски парфем од Dolce&Gabbana

Септемвриската сезона ни носи нови парфеми.

Италијанската модна марка го лансираа женскиот нов парфем соодветен за постудените денови, а насловен  ‘The Only One’.

Пред објективот на фотографите Лука и Алесандро Морели, позира британската глумица Емилија Кларк. Фотосесијата, реализирана во црно бела техника, е снимена во традиционална римска меана.

Парфемот е опишан како цветен со ноти на темјанушка, кафе, ванила и пачули.

Освен принт верзијата, кампањата има и рекламен спот во кој Емилија ја интерпретира познатата песна ‘Quando, Quando, Quando’.

x

Check Also

“Stasija Make – up”, новиот „хајлајтер“ на македонската мејк-ап сцена

Уметноста на шминкањето е посебна уметност бидејќи се работи на најубавото платно ...