Шпанската модна марка Манго го лансираше новиот тренди водич насловен The Selection.
Во фотосесијата позира холанската манекенка Луна Бил. За оваа сезона акцентот е на романтичната тантела, богатите принтови и неонските нијанси.
Не заборавајте на модните додатоци – плетените чантички од бамбус, дрво или волна, накитот во бохо стил и интересните шапки.