Тибетански текст кој ги открива твоите карактеристики

Земи лист и пенкало, и почни. На крајот на тестот ќе дознаеш многу за своите карактеристики, дури и за некои детали за кои не си размислувал/а. Станува збор за тест на личните карактеристики кој датира од стариот Тибет.

Прва задача

Замисли ги сликите на овие животни – тигар, крава, овца, свиња и коњ. Потоа нареди ги водејќи се според тоа кое од овие животни ви е најдраго. Не размислувај многу, само нареди ги.

Втора задача

Доврши ги речениците со придавка која најдобро ја опишува, според тебе, секоја именка.

Кучето е –

Мачката е-

Стаорецот е-

Кафето е-

Морето е –

Трета задача

Замисли пет луѓе кои се важни во твојот живот. Потоа, за секој од нив одбери некоја од овие бои:

жолта

портокалова

црвена

бела

зелена

ОБЈАСНУВАЊЕ

За правата задача – Редоследот на кој по важност ги подреди животните ги покажува твоите приоритети во животот. Секое животно е симбол на еден аспект. Крава-кариера, тигар – самопочит, овца – љубов, коњ – семејство, свиња-пари.

За втората задача – Твоите ставови кон животот. Куче – твојата личност/карактер. Мачка – Карактерот на твојот партнер. Стаорец – Карактерот на твојот непријател. Кафе – твојот поглед на сексот. Море- твојот живот.

За третата задача – Твоите ставови кон другите луѓе. Жолта – некој кој имал најголемо влијание врз твојот живот. Портокалова – Некој кој ти е вистински пријател. Црвена – некој кој многу го сакаш. Бела – твојата сродна душа. Зелена – некој кој нема лесно да го заборавиш.

x

Check Also

Ариана Гранде е главно лице на колекцијата за есен/зима 2019 на H&M

26-годишната американска пејачка Ариана Гранде е главно лице на новата колекција на ...