ТИГО предизвика добра забава на годинешниот Д-Фестивал

Викендов, центарот на забавата и добрата музика беше Дојран и 9-тиот по ред Д-Фестивал, а за тоа сведочат илјадниците посетители кои уживаа во одличната програма на Фестивалот.

Оваа година, од ексклузивното партнерство помеѓу Тиго Фајнанс и Пасворд Продакшн произлезе и една нова, дополнителна активност која го привлече вниманието на посетителите во текот на трите фестивалски дена. Активноста наречена Tigo Challenge Zone им овозможи на посетителите место за опуштање и релаксација, но и одлична можност за исполнување на убавите попладневни часови со врвна забава, брзи игри, уникатни изненадувања и сè тоа во духот на одлична, фестивалска дружба и нови моменти за паметење.

Погледнете во продолжение како изгледаше дружбата во Tigo Challenge Zone, а целосната галерија се наоѓа на нивната Facebook фан страна, или на линкот: https://bit.ly/2YWg8WK

Тиго и Пасворд го продолжуваат своето партнерство со претстојните Green Beach фестивал, Таксират и Skopje Beer Fest, а нивната креативна соработка ветува уште многу изненадувања.

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...