„Тиквеш“: И покрај рекордните бројки за откупот, квалитетот останува најважен

За рекордната последна берба и откупените 25 милиони килограми грозје, ВВ „Тиквеш“, во законски определениот рок, исплати 371 милион денари.

Минатата година откупивме рекордни 25 милиони килограми по цени над пазарните бидејќи откупуваме исклучиво високо квалитетно грозје и исплаќаме дополнителни бонуси за екстра квалитет. За нас почитувањето на договорените обврски, особено законската регулатива во овој домен, е императив и затоа со крајни напори успеавме да ги подмириме обврските, иако виното од бербата 2015та допрва се пласира на домашниот и светските пазари“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Добрата соработка со лозарите, во насока на постигнување и одржување на високиот квалитет на грозјето, како предуслов за производство на врвно вино, е долгорочна стратешка цел на ВВ „Тиквеш“.

Во таа насока, винарницата, долгорочно ќе продолжи да го поддржува производство на грозје со висок квалитет со цел да ја оствари својата заложба за производство на висококвалитетно флаширано вино од Македонија и негова светска промоција.

 

x

Check Also

Skopje Beer Fest 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти за 4 дена на 2 бини

Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ...