Секој има различен пристап кон длабењето на тиквата за да се направи популарниот фенер без кој е незамислива прославата на Ноќта на вештерките.
Порталот Домеин годинава предложи фенери од тиква инспирирани од неколку познати големи имиња во модниот свет.
Меѓу нив се најдоа и уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур, прочуениот дизајнер Карл Лагерфелд и стилистката Рејчел Зое.