Тиквички од рерна со пармезан и јогурт

Превкусно јадење за топлите денови.

Потребни намирници – 4 тиквички, 2 млади компири, 200 мл јогурт, 60 грама рендан пармезан, 150 грама димен кашкавал, малку маслиново масло, магдонос, 3-4 чешњиња лук, сол и црн пипер, доматен сос по желба (може но и не мора).

Подготовка

Измијте ги убаво тиквичките, исечете ги на тенки листови или на тенки кругови, и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата.

Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Потоа, почнете да ги редите тиквичките – ред тиквички, ред јогурт и ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканото лукче и магдонос, изренданиот (претходно сварен) млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете едно врз друго додека имате од материјалот за готвење.

Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос.

Тавчето ставете да се пече 20-на минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, се додека пармезанот сосема не се расопи и горниот дел стане малку крцкав.

Сервирајте ја вкусната тава со тиквички со препечен леб.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...