Timberland – Sensorflex модели „3 во 1“ – машка колекција

Оваа сезона прилагодливоста добива двојна функција

Timberland со задоволство Ви ги претставува новите Sensorflex модели за есен/зима ’17. Повеќе флексибилност, лежерност и кул изглед во еден пар обувки. Легендарниот дух на брендот кој се поврзува со авантуристички патувања, сега го пренесува истиот во урбаната средина.

SensorflexÔ технологијата овозможува флексибилност во секојдневното движење, секојпат и секаде, благодарение на трислојниот дизајн кој секогаш дава активна поткрепа и динамично преклопување. Стапалата константно добиваат потпора на било која површина, без разлика на условите.

Три слоеви, едно незаборавно искуство. Секој слој е засебен и подеднакво важен, овозможувајќи потпора, комфор и флексибилност. Горниот слој им дава на младите „урбани воини“ бесконечна стабилност, која ја бараат оние кои никогаш не престануваат да ги предизвикуваат градските ограничувања. Помек EVA среден слој кој не се оштетува без разлика на теренот на урбаната џунгла, додека пак долниот слој – ѓонот е специјално дизајниран да се превиткува со секој направен чекор.

Во продолжение погледнете ги моделите од машката колекција достапни во продажба во Timberland.

 

x

Check Also

Дружење со најпопуларниот словенечки автор за деца и млади

Денска на саемот на книгата со почеток од 17 часот посетителите ќе ...