Тимберленд женска колекција: Облека и обувки за стилизирана есен

Оваа сезона брендот Тимберленд (Timberland) во Македонија внесува новитет во женската колекција во која освен обувки од есен/зима 2014 достапна ќе биде и линијата на облека од овој бренд специјализиран за спортско-елегантна мода.

IMG_0133

Колекцијата за есен 2014 е изработена под мотото “модерни парчиња за активната жена” и вклучува софистицирани решенија за различните временски услови и авантури, дел од современиот животен стил. Версатилноста на моделите погодни за урбаната средина, но и за времето поминато во природа се забележува кај јакните, чиј избор е навистина богат и вклучува струкирани елегантни модели и спортски палта, како и кај обувките кои доаѓаат во форма на стилизирани спортски чевли, балетанки и елегантни есенски чизми.

Топли тонови за студените денови

Колекцијата за есен 2014 е обоена во топлите тонови на ова годишно време, а особено интересни се разнобојните модели на тенки јакни одлични за слоевито облекување, полу-спортските модели со качулка, мантилите и софистицираните кожни јакни. Сите тие се направени од премиум, рециклирани материјали со вградена водоотпорна технологија. За целосен стилизиран изглед колекцијата е надополнета со чино панталони, фармерки, разновидни блузи и кошули.

Неизбежни за есен 2014 се и обувките кои нудат удобност и елеганција во исто време. За активните жени кои во спортските обувки бараат повеќе стил од оној на класичните спортски модели, колекцијата Еarthkeepers® Glastenbury нуди чевли од превртена кожа инспирирани од модата во 80-тите.  Овие чевли се удобни и еколошки – лежиштето е направено од 100% рециклирани пластични шишиња.

Sportski obuvki Glastenbury

Стил и женственост

Легендарниот модел на чизми со висока потпетица Earthkeepers® Trentonе присутен и оваа сезона и претставува совршен баланс помеѓу стилот и перформансот.  Earthkeepers® Stoddard Mid-Bikerе модел на бајкер чизми во едно ново, посвежо издание изработени од квалитетна кожа со препознатливите детали на класичните бајкерки. Како и останатите чевли на Timberland, така и овие се еколошки направени и во себе содржат елементи од рециклирани пластични шишиња.

Рене Скит, заменик претседател на глобалната дивизија за обувки и додатоци на Тимберленд (Timberland) вели: „Тимберленд ги разбира високите стандарди за квалитет и стил на современата жени,кои се постојано во движење. Облеката и обувките кои тие ги носат треба да бидат удобни и соодветни за активностите во текот на целиот ден. Нашата последна колекција се труди да го постигне совршениот баланс помеѓу уникатни секојдневни парчиња и префинето издизајнирани модели, кои ќе го свртат вниманието во урбаната, модна средина. Токму адаптибилноста е она што ја прави колекцијата незаменлив дел од женската гардероба за сезонава.”

 

x

Check Also

Нови модни парчиња од & Other Stories инспирирани од 80.те години

Популарната модна марка & Other Stories продолжува да го поддржува трендот од 80-те ...