TIMEBRLAND – НА ПРИРОДАТА И СЕ ПОТРЕБНИ ХЕРОИ

Timberland веќе подолго време е посветен на подобрување на грижата за природата преку практични и ефективни решенија. Едно од нив е и специјалната линија ReBOTL во која се користат одржливи, рециклирани или органски матријали, а која е дел од иницијативата Nature Needs Heroes.

ReBOTL е носечки производ во колекцијата за пролет/лето 2020 – тоа е материјал кој се состои од најмалку 40% рециклирана пластика и може да биде дел од горниот дел или поставата на обувките, јакните и чантите. Со Re BOTL, досега рециклирани се повеќе од 445 тони пластичен отпад.

Во колекцијата пролет/лето 2020 ReBOTL е присутен кај дел од машките јакни како како и кај два модели на панталони. Дополнително, 62% од сите чанти во колекцијата го користат овој материјал.  Кај обувките пак, чизмите 6 Inch Premium, патиките Earth Rally, Brooklyn и Bradstreet содржат ReBOTL елементи. Во женската колекција моделот на патики Emerald Bay исто така е направен со користење на овој еко материјал.

Моделите Earth Rally и Emerald Bay се вистински ѕвезди оваа сезона, бидејќи покрај тоа што се направени од еко материјали, имаат одличен дизајн и освежена форма, а доаѓаат во прекрасни тонови како темно зелена, сина, црвена и пастелни нијанси,  покрај стандардните црна, бела и беж.

Откријте ги сите модели изработени со ReBOTL материјали во продавниците на Timberland во Skopje City Mall и ТЦ Рамстор, како и на www.fashiongroup.com.mk.

x

Check Also

Им даваме предност на белите модни парчиња од & OTHER STORIES

Белите модни парчиња се одлични за деновите поминати под сонцето, а модната ...