Хит на социјалните мрежи е летниот бел шешир со црни полка точки од модната марка Манго.
Овој функционален моден додаток ги разубавува сите комбинации, но и штити од сончевите зраци. Станува збор за памулен модел до точкаст принт кој доаѓа во предимензионирано издание, па оттука и бргу стана хит на сезоната.
Иако проверените сламени шешири се и понатаму одличен избор, некогаш е добредојдена свежа промена. Моделот има и врвци со кои можете да го прицврстите шеширот и така непречено да се шетате низ градот или да се возите на брод или велосипед без грижа дека шеширот ќе ви одлета.